Софија Гоџа продолжува да доминира во спуст трките сезонава во Светскиот куп алпско скијање. Италијанката денеска до победата на домашниот спуст во Кортина Д’ампецо стигна со време од 1:33.47 минута што беше за тринаесет стоти делови од секундата подобро од второпласираната Словенка, Илка Штухец.
Подиумот го надополни Германката Кира Вајдл со заостанување од 36 стотинки зад времето на победничката. Водечката во генералниот пласман во светскиот куп, Американката Микаела Шифрин заврши на четвртата позиција со заостанување од половина секунда зад победничкото време.
Утре во Кортина Д’ампецо ќе се вози нова спуст трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА