Италијанската боксерка Анџела Карини, која и го предаде мечот на Алжирката, Иман Калифи по 46 секунди од борбата и го потресе целиот свет со својата изјава по натпреварот, сега изјави дека „сака да и се извини“ на противничката за начинот на кој се однесувала после борбата.
Иман Калифи е една од двете боксерките за кои е утврдено дека имаат XZ хромозоми, типични за мажи, на кои им е дозволено да се натпреваруваат на Олимпијадата.
Откако Италијанката и го предаде мечот, таа изјави дека никој никогаш не ја удрил толку силно. Сепак, ден подоцна Италијанката испрати извинување до противничката.
„Целата оваа контроверзност ме прави тажна. Жал ми е и за противничката. ИОК вели дека таа може да се бори и јас ја почитувам таа одлука“, изјави Карини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА