Италијанките ја освоија европската одбојкарска круна во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Италијанските одбојкарки се нови европски шампионки до 19 години.

Во финалето на Европското првенство кое се одржуваше изминативе десет дена во Скопје, Италија славеше во драматичен меч со 3-2 против селекцијата на Србија.

Италијанките до победата дојдоа во одлучувачкиот петти сет кој го добија со 17-15, откако претходно имаа предност од 2-1 во сетови.

Пехарот на најдобрите им го додели Претседателот на македонската Влада, Димитар Ковачевски.

 

Се вчитува...