Одбојкарската репрезентација на Италија стигна до златниот медал на женскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз, откако со стил во финалето славеше против репрезентацијата на Соединетите Американски Држави со убедливи 3-0, по сетови 25-18, 25-20 и 25-17.
Италијанките како и целиот турнир така и денеска одиграа на неверојатно ниво и во ниту еден момент на Американки не им дозволија ниту да се понадеваат дека можат да стигнат до победата.
Паола Егону со 22 поени беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Џордан Томпсон заврши со осум поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА