Италијанските пливачи доминираа на 32.издание на Охридскиот пливачки маратон, кој денеска се одржа во водите на Охридското езеро. Традиционалната пливачка манифестација која се организира во нашиот туристички бисер им припадна на Франческо Џентини во машка и на Барбара Поропоз во женска конкуренција. Тие беа најбрзи на делницата од 25 километри. И оваа година покровител на Охридскиот пливачки маратон беше претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов.
Во машка конкуренција, прв на целта стигна Џентини со време од 5.13.59.62 часа. Второто место му припадна на италијанскиот маратонец Едуардо Стокини, а трет беше неговиот сонародник Андреа Бјанки. Од македонските натпреварувачи, Евгениј Поп Ацев за малку не успеа да стигне во првата тројка во фотофинишот,
Кај дамите, прворангираната на светската листа, Барбара Поропоз од Италија, а второпласирана беше Ана Олаш од Унгарија. Третото место и припадна на Аличе Франко од Италија.
Фото: www.ohridnews.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА