Федерика Брињоне триумфираше пред Софија Гоџа во еден-два италијанската победа на супервелеслаломската трка од Алпскиот светски скијачки куп во рускиот Сочи на олимписката патека Роса Хутор. Брињоне имаше победничко време од 1:23:33 минути што беше за 20 стотинки подoбро од резултатот на Гоџа. Третото место на подиумот го попoлни Швајцарката Јоана Хален којa зад победничката заостана 34 стотинки.
Со оваа победа, Брињоне се проби на водечката позиција во поредокот на супервелеслалом. Има 216 бода, 16 повеќе од швајцарската скијачка Корин Сутер која денеска заврши на четвртото место.
Брињоне се зацврсти на втората позиција во генералниот пласман, дојде до 955 бода и и побегна за 125 бода на Перта Влхова на третото место. Далеку пред Брињоне на врвот е Микаела Шифрин која има 1225 бода, а денеска не се натпреваруваше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА