Италијанскиот прволигаш Удинезе му врачи отказ на тренерот Габриеле Чиофи по последниот пораз од Верона во Серија А со што се продлабочи кризата за овој клуб и падна во опасната зона, а и веќе го назначи неговиот наследник кој го очекува тешка задача да го задржи тимот во елитата.
Станува збор за легендата на италијанскиот фудбалер, Фабио Канаваро кој долго време се поврзуваше со превземање на клубот. Порашниот ас на Јувентус и Реал Мадрид кој ја освои и Златната топка пред 18 години е без ангажман од 2023 година кога замина од клупата на Беневенто. Претходно предводеше клубови во Кина и Саудиска Арабија.
Benvenuto, Fabio Cannavaro!
⚪️⚫️ #ForzaUdinese #AlèUdin #WelcomeCannavaro pic.twitter.com/uwTZtCuq99
— Udinese Calcio (@Udinese_1896) April 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА