Италијанска трагедија – Три европски финалиња и три порази на екипите од Серија А

Сезоната 2022/23 нема по добро да ја паметат италијанските екипи, барем што се однесува до финалните натпревари во сите три европски клупски натпреварувања.

Италија имаше свои претставници во сите три европски финалиња оваа сезона, нешто што досега е ретко запаметено. Но, на крај ќе остане горкиот впечаток за фудбалот на Апенините – пораз на италијанските тимови во сите три финални дуели.

Рома загуби од Севилја во финалето од Лигата на Европа, Фиорентина беше поразена од Вест Хем во финалето од УЕФА Конференциската лига, и вечерва Интер загуби од Манчестер сити во финалето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...