На италијанскиот фудбалски великан Јувентус ќе му бидат вратени 15 бода кои му беа одземени поради финансиска измама, пренесуваат медиумите од „чизмата“. Во јануари Јувентус се пожали на одлуката на фудбалската федерација на Италија, а тимот од Торино најверојатно ќе го добие спорот.
Италијанската федерација не се согласува со одлуката да и се вратат бодовите на „старата дама“, но нема да се жали на оваа одлука.
Со враќањето на бодовите, Јувентус би скокнал на третото место на табелата и би се вратил во трката за настап во Лигата на шампионите следната сезона.
До крајот на Серија А остануваат уште осум кола, а доколку му се вратат бодовите на Јувентус би имал дури осум бода повеќе од Интер кој е на петтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА