Рафаеле Паладино од Монца се пресели на клупата на Фиорентина, па така тренерското место во овој клуб остана празно. За него имаше многу конкуренти, но најблиску до него е италијанската легенда.
Станува збор за Алесандро Неста, со кого преговорите се во завршна фаза, и тој би требало да биде наследникот на Паладино на клупата на овој италијански прволигаш.
Неста има скромна тренерска кариера, откако во минатото ги водеше екипите на Мајами, Перуџа, Фросиноне, во моментов е актуелен тренер на Реџиана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА