Џовани Галеоне, поранешниот италијански стратег кој ги одбележа 80-тите години на претходниот век водејќи повеќе италијански клубови меѓу кои и Наполи во разговор за „Corriere della Sera“ упати критики кон модерниот фудбал за кој вели дека не може да го поднесе поради астрономските плати, а и брзоплетите тренерски смени во Серија А.
Галеоне говореше и за Јувентус и неизбежно беше да го спомене и српскиот голгетер Душан Влаховиќ кон кој упати жестока критика.
„За Јувентус ќе го кажам само ова: му даваат милион евра нето месечно на Влаховиќ, можеби единствениот словенски фудбалер – а јас ги обожавам веќе 80 години, кој не знае да прими топка. Едноставно не може. Ќе го видиме сега по доаѓањето на Тудор“, изјави Галеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА