Италијанската влада со поддршка до УЕФА против проектот Супер-лига

Владата на Италија соопшти дека одлучила да даде поддршка на УЕФА за борба против Супер-лигата.

И покрај тоа што претседателот на Јувентус минатиот месец изјави дека проектот „има цел да гарантира стабилност во фудбалот, сепак, проектот засега не заживеа откако неколку од основачите се откажаа од идејата.

УЕФА и натаму се бори со „пропаднатиот“ проект, па така сега доби поддршка и од италијанската влада.

„Претседателството на Советот на министри на Италија објавува дека италијанската влада одлучи да застане во поддршка на УЕФА за Супер-лигата“, се вели во соопштението.

Се вчитува...