ПСЖ ова лето ќе пазари од Италија каде на радарот го има Џанлука Скамака. Младиот голгетер на Сасуоло инспирираше со своите настапи оваа сезона каде на 36 натпревари постигна 16 гола и во него се гледа долгорочно решение во нападот.
Дваесетитригодишникот кој Трансфермаркт го проценува на 30 милиони евра неодамна потпиша нов одговор со италијанскиот клуб па за негов ангажман парижани ќе мораат да издвојат над 50 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Самака сениорската кариера ја започа во вториот тим на ПСВ, а во 2017 година премина во редовите на Сасуоло. По неколку позајмици во последната сезона се избори за место во првиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА