Италијанскиот голман Матео Волтолини, член на третолигашот Реџиана, суспендиран е на една недела од својот клуб поради појавена видео снимка од негов секс со непозната девојка во тоалет на дискотека во градот.
23-годишниот Волтолини е тајно сниман во тоалетот на позната дискотека во Реџо Емилиа, а видеото е веднаш пуштено по „интернет-светот“. Преку социјалните мрежи, видеото од околу 15 секунди е испратено и до самиот голман но и до клубот, по што следи суспензија за Волтолини.
? Escándalo sexual en Italia por el #vídeo en el que se ve a Matteo Voltolini practicando sexo con una joven en unos baños públicos https://t.co/166sg6sHXa
— Antena 3 Deportes (@Antena3Deportes) November 21, 2019
Веднаш се огласи и Јавното обвинителство на Италија кое ќе покрене истрага за да се најде „авторот“ на видеото. Казната, согласно италијанските закони, за недозволено снимање и дистрибуција на видео материјали во насока на нарушување на приватноста е до шест години затвор и парична казна од 15.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА