Италијанскиот голман Салваторе Сиригу (36) е нов голман на Ница, потврди францускиот клуб. Тој на крајот на минатата сезона ја напушти Фиорентина, и се враќа во Франција како слободен агент.
Во текот на кариерата веќе има искуство со играње во Франција, откако беше дел од ПСЖ. Играше и во Шпанија за Осасуна и Севилја, а во Италија покрај за Фиорентина, беше дел и од Наполи, Џенова, Торино и Палермо.
Исто така тој е поранешен италијански репрезентативец. За „Азурите“ има 28 настапи. Тој доаѓа во Ница како замена за Каспер Шмајхел, кој замина во Андерлехт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА