Репрезентацијата на Јужна Кореја успеа да извлече бод во првиот натпревар на Светското првенство во Катар откако ремизираше без голови против Уругвај. Корејците имаа среќа да не примат гол од два обида кои завршија во стативата, а на крајот пропушија шанса преку Сон да стигнат и до три бода.
Неатрактивниот натпревар не го привлече вниманието на јавноста, но во тоа успеа „кимската одбрана“ со петте последни играчи кои го носеа ова презиме. Ким беше на голот, на стоперските, но и бековските позиции. Целата ситуацијата интересно ја проследи италијански коментатор кој притоа успеа истите и да ги римува.
Italian commentator announcing the South Korea line uppic.twitter.com/iXYw4KBKPd
— FIFA World Cup 2022 (@2022_QatarWC) November 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА