Италијанскиот пливач Томас Чекон, кон освои злато во дисциплината 100 метри грбно, не штедеше критики за организаторот на ЛОИ и за условите во Олимпиското село во Париз.
Тој кажа дека во селото е премногу топло, дека клима нема, а се пожали и на храната.
„Во олимпиското село нема клима, жешко е, храната е лоша. Многу спортисти си заминуваат од тука. Лошо се храниме. Тоа не е алиби, тоа е само наратив кој можеби некој не го знае“, изјави 23-годишниот пливач.
Чекон кажа дека храната не е богата со протеини, нешто кое им треба на спортистите, и кажа дека се чека многу за да се земе месо. Затоа многу од делегациите, како што е од Велика Британија, се решија да си земаат храна од надвор. Исто така спортистите се возат со автобуси за јавен превоз, и често стојат во нив, минувајќи час и половина од селото до сала за тренинг.
Чекон кажа дека за разлика од олимпиското село, во салите е многу студено.
Организаторите се одлучија да не стават клима во олимпиското село поради еколошка чистота. Сепак, Австралијците сами си поставија клими, а исто така си купувале и перници и душеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА