Италијанските судии нема да бидат дел од осминафиналните дуели од европските фудбалски натпреварувања, Лигата на шампионите и Лигата на Европа поради епидемијата од коронавирус, објави Европската куќа на фудбалот (УЕФА).
Даниеле Орсато кој го судеше натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, како и Марко Гуида, Давиде Маса кои делеа правда на натпреварите од ЛШ и ЛЕ нема да бидат делегирани за следната рунда од натпреварите. Оваа мерка е како внимателност поради зголемениот број на случаи од коронавирусот во Италија, европска земја која е најмногу погодена од епидемијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА