Талентираниот италијански фудбалер Франческо Камарда го потпиша првиот професионален договор со Милан. 16-годишникот прифати тригодишна верност кон италијанскиот гигант и ќе биде дел од тимот до 2027 година.
Камарда имаше понуди да се пресели на „Островот“ каде за неговите услуги беа заинтересирани англиските гиганти од Манчестер, Сити и Јунајтед, но се одлучи да остане во татковината и Милано од каде и потекнува. Тој е голем фан на Милан, ги помина сите младински конкуренции на овој тим досега, а притоа е и присутен на трибините со најверните навивачи на славниот клуб.
Напаѓачот ќе заработува околку 450 илјади евра по сезона, а оваа сума може и дополнително да се зголеми со бонуси поврзани со неговите настапи во Серија А и Лигата на Шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА