Италијански тенисер поради бизарна причина нема да може да игра на УС опен

На италијанскиот тенисер Марко Бортолоти (33) му беше забранет влез во САД и поради тоа нема да може да настапи на УС Опен. Бортолоти се натпреварува во двојки и никогаш претходно не играл на американскиот гранд-слем, а изгледа дека ќе остане така до крајот на кариерата.

Нему му беше забранет влез во Америка, како што вели, бидејќи пред девет години играл на турнир во Иран.

„Со длабоко жалење и неверување сум принуден да се повлечам од овогодинешниот УС Опен, откако ми беше одбиена виза поради настап на турнир во Иран во 2015 година. Конзулатот на САД не прифаќа други итни барања за виза. Им благодарам на сите луѓе кои залудно се обидоа да ми помогнат во оваа нереална афера. Ќе го проголтам ова и ќе продолжам понатаму. Како и секогаш“, напиша Бортолоти.

Бортолоти, откако беше позитивен на тестот за клостебол во Лисабон во 2023 година, успеа да докаже дека оваа супстанца не ја земал намерно. Сега истите проблеми ги има и Јаник Синер, кој извесно време е на удар на тенискиот свет поради допинг скандалот.

Се вчитува...