ЕКИПА во Торино, Италија
Никола Ѓуровски
Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 часот) го игра претпоследниот квалификациски натпревар од циклусот за СП 2018 во Русија. Предизвикот е огромен, на гости кај четирикратниот светски првак Италија во Торино, пред дуелот дома, во Струмица во вторник против Лихтенштајн.
Највпечатливо е дека речиси комплетната одбрана е променета, односно подмладена. Единствено Стефан Ристовски е повторно дел од составот, а ги нема Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Леонард Жута. Шанса добиваат некои помлади момци, Зајков, Велкоски, Муслиу.
“Секогаш верувам во својот избор. Ова е голем предизвик за сите нас, вистински тест за нашата селекција пред крајот на овој квалификациски циклус”, вели селекторот Игор Ангеловски.
Одбранбеното трио за првпат ќе игра заедно во А тимот. Но, тоа не значи и дека нема да бидат компактни и успешни. Торино е првиот голем тест за нив…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА