Италијански тинејџер во нападот на Брера

Раководството на Брера ги интензивираше трансферите на новите засилувања, се со цел да биде составен конкурентен тим за стартот од новата сезона.

Струмичкиот прволигаш денеска го претстави и првото странско засилување, станува збор за Салвадоре Рибаудо, италијански тинејџер кој ќе треба да го засили нападот на Брера.

„Салвадоре Рибаудо е нов фудбалер што го ангажираше нашиот тим за новата првенствена сезона. Станува збор за млад и надежен фудбалер кој игра во нападот и веќе се приклучи на сениорскиот состав во Банско Бугарија. 19 годишниот Салвадоре е дете на италијанскиот клуб Парма каде ги помина сите младински категории а во нашиот состав дојде од шпанскиот тим Реал Авила која се натпреварува во Tercera División RFEF каде беше во од јануари последната сезона“, се вели во соопштението на струмичкиот клуб.

Брера претходно ги договори дефанзивците Андреј Аризанкоски од Победа и Александар Ристевски од Брегалница.

Се вчитува...