Италијански тренер за еден месец двапати беше отпуштен

Италијанскиот фудбалски прволигаш Салернитана по вторпат во период од еден месец го отпушти тренерот Давиде Никола и го доведе португалскиот стручњак Пауло Соуса.

Салернитана го отпушти Никола во средината на јануари по тешкиот пораз од Аталанта со 2-8, но само два дена подоцна го врати на клупата. Сепак, во четирите натпревари кои следеа, тимот од Салерно загуби три пати, па претседателот на клубот Данило Иерволино го загуби трпението со тренерот кој за чудо успеа да го спаси тимот од испаѓање во Серија Б на крајот од минатата сезона.

Салернитана моментално е на 16. место со 21 бод, четири повеќе од 18. Верона, која е во зоната за испаѓање, но и во голем налет на позитивни резултати.

Се вчитува...