Амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео вчера пред натпреварот на фудбалската селекција против Гибралтар во Лигата на нации ги прими македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски кои играат во Италија.
На средбата и со селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, Ромео го потенцирал задоволството да биде со извонредни фудбалери од рангот на двајцата македонски репрезентативци кои настапуваат во Италија.
„Ми беше задоволство што имав средба со одлични фудбалери како Несторовски и Трајковски кои играат во мојата Италија, и со селекторот Ангеловски. Очигледно и донесов среќа на Македонија, за кога секогаш навивам, која убедливо со 4-0 победи против Гибралтар“ – истакна Ромео по синоќешниот дуел на „Филип Втори“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА