Италијанскиот дефанзивец не сака да оди во Мадрид: „Јувентус е мојот Реал“

Тешки повреди на клучните дефанзивци сериозно го потресоа Реал. Давид Алаба, еден од најдобрите светски дефанзивци, стопер и лев бек на Реал, кој е и капитен на австриската репрезентација, требаше да се врати овој месец по тешката повреда. Но, шпанските медиуми минатата недела објавија дека има значителни компликации со неговото закрепнување.

Ова се случува во најлош момент за Реал бидејќи, исто така, поради повреда на лигаментите, сезоната е завршена за десниот бек Дани Карвахал, уште еден клучен дефанзивец, од пред две недели. Покрај тоа, Едер Милитао се уште е повреден. Така Реал во втората четвртина од сезоната влегува сериозно ослабен во одбраната.

Затоа се чини дека е неопходно да се направи купување на играчи во зимскиот преоден рок, не како привремено решение или како замена, туку како засилување. Шпанските медиуми пишуваат дека Реал во јануари ќе донесе крилен дефанзивец. Еден од кандидатите е Андреа Камбијасо (24) од Јувентус.

Пред две години Јуве го купи од Џенова за 13 милиони евра и оттогаш игра така што неговата пазарна вредност е двојно зголемена. По една сезона на позајмица во Болоња, тој се врати во Јувентус во летото минатата година и оттогаш постигна 4 и намести 7 гола на 48 натпревари. Камбијасо одлично ги покрива двете страни и е репрезентативец на Италија.

Неговата реакција на поврзувањето со Реал ги воодушеви навивачите на италијанскиот гигант. Тој засега одбива да се пресели во Мадрид.

„Јуве е мојот Реал. Го продолжив договорот до 2029 година и сакам да останам овде што е можно подолго“, рече Камбијасо.

Се вчитува...