Иако од назначувањето на Тиаго Мота на клупата на Јувентус поминаа само седум месеци, сепак, последните лоши резултати веќе ги тераат медиумите да шпекулираат за негова смена на клупата на тимот од Торино.
Договорот на Мота му завршува во 2027 година, но елитните медиуми како „Газета“ и „Тутоспорт“ веќе откриваат дека Јувентус бара замена, па тие откриваат четири кандидати за клупата.
Секој следен кикс би можел да значи отказ за Мота, па затоа во оптек се неколку имиња.
„Сонот“ на Јувентус е наводно Антонио Конте, но тој е „врзан“ со договор со Наполи. Конте работеше како тренер во Јувентус од 2011 до 2014 година. Следната желба е тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини. Исто така меѓу кандидатите се наводно и Роберто Манчини, како и хрватскиот тренер Игор Тудор. Тудор голем дел од кариерата мина во Јувентус, а беше помошник тренер на Андреа Пирло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

