Италијанската скијачка Софија Гоџа е победничкана првиот суепрвелеслалом сезонава во Светскиот куп, што денеска се возеше во швајцарскиот Сент Мориц.
Гоџа делуваше импресивно на патеката, успевајќи да оствари време од 1:16,63 минути, за нејзина 23. победа во Светскиот куп во кариерата. За настапот на Италијанката најдобро говори фактот дека второпласираната Корнели Хутер од Австрија заостана со дури 95 стотинки, додека Лара Гут-Бехрами на третото место имаше 1,02 секунди пославо време од Гоџа.
Американката Микаела Шифрин не успеа да се вмеша во борбата за триумф и ја заврши трката на четвртата позиција, пред Брињоне од Италија и Веније од Австрија.
Шифрин останува водечка во генералниот пласман со 520 бода и удобна предност пред Петра Влхова со 391 и Гут-Бехрами со 385 бода.
Натпреварувањето на Сент Мориц ќе продолжи и во наредните денови, за утре е закажана спуст-трка, а за недела нов супервелеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА