Италијанците анализираат: Елмас најдобар кај Наполи против Ајнтрахт и според статистиката!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, по долго време конечно со 90 минути во дресот на Наполи, и тоа на натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт.

Дуелот заврши без победник, 0-0, но со одлично издание на Елмас кој се издвои на теренот на вчерашниот натпревар.

Според анализите на статистичките показатели, како што пишува „Калчо Наполи“, македонскиот репрезентативец веќе „сериозно стави до знаење дека заслужува поголема минутажа. Елмас беше најсветлата точка кај Наполи“.

За 90 минути на теренот, зад името на македонскиот „дијаманта“ остана запишано – пет креирани шанси за својот тим, два шута во рамките на противничкиот гол, 91% на прецизни додавање (46/51), 2/4 успешни проигрувања во опасни акции, два успешни „еден на еден“ ситуации, три украдени топки и 5/8 добиени дуели со противнички фудбалери.

Се вчитува...