Италија ги заврши настапите на Европското првенство уште во 1/8 финалето, откако беа поразени од Швајцарија со 2-0. Иако пристигнаа на турнирот како актуелни европски прваци, сепак, мораа предвреме да го завршат настапот.
Многумина од италијанската репрезентација не биле задоволни од одлуката на селекторот Лучијано Спалети, да земе еден играч во составот за ова ЕВРО. Станува збор за фудбалерот од средниот ред Николо Фаџоли.
Фаџоли беше поврзан со Сандро Тонали во скандалот за обложување, кој изби пред една година, а играчот на Јувентус беше суспендиран на седум месеци, и се врати на терените во мај, со што Спалети веднаш го смести во списокот за патници на ЕВРО 2024.
Фаџоли играше девет минути против Хрватска, а потоа беше стартер против Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА