Од Палермо, Италија
Владимир Булатовиќ
Италијанските медиуми сериозен простор издвојуваат за преставување на Македонија и македонскиот спорт пред бараж пресметката за пласман на СП 2022
Сепак, се чини со потценувачки предзнак за македонскиот фудбал за кого нагласуваат дека е можеби дури четврти спорт во земјата.
„Македонија, ако се анализира спортот, е земја на ракометот и борењето. Дури и кошарката е пополурна од фудбалот кој сега за првпат во својата историја се најде во бараж за пласман на Светско првенство“ – пишува „Газета дело спорт“, притоа со детален опис за целокупниот македонски спорт.
„Кирил Лазаров е име кое ја прослави Македонија во ракометот. Ракометните репрезентации во континуитет се постојани учесници на европски и светски првенства, а фудбалот се мачи за своето прво учество на светско првенство. Дури и кошаркарите се прославија со четвртото место од Литванија“ – дополнува „Газета“.
Но медиумите во Италија не ги забораваат и фудбалските успеси…
„Првиот голем успех за Македонија во фудбал е неочекуваниот пласман на младата репрезентација на ЕП 2017 предводена од токму актуелниот селектор на А-репрезентацијата, кој тогаш младите ги однесе на ЕП. Секако не смее да се заборави и дека Македонија учествуваше на ЕВРО 2020, а имиња како Горан Пандев, Елиф Елмас но и Несторовски, Трајковски доволно зборуваат дека никогаш овој тим кој е во раст последните години не смее да се потцени“ – пишува „Газета дело спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА