Италијанците доминираа на ЕП во планинско трчање во Скопје, Ангелоски најдобар Македонец

Тотална доминација на италијанските атлетичари во сениорска конкуренција на Европското првенство во планинско трчање кое вчера се одржа во Скопје, а на кое настапија 255 атлетичари од 29 земји.

Дејан Ангеловски со Игор Јакимовски

Италијанците триумфираа во две од четирите трки во младинска и сениорска конкуренција (мажи и жени) и освоија вкупно пет медали… Најуспешен Македонец беше Дејан Ангелоски кој стигна до 29. место во конкуренција на атлетичари до 20 години. Тој е единствениот кој во својата конкуренција се најде меѓу најдобрите 30 атлетичари на Стариот континент.

Во сениорска конкуренција триумфираше Бернард Дематис од Италија, пред сонародниците Чезаре Маестри и Мартин Дематис. Најдобар македонски атлетичар беше Муџахид Муслими на 73. место.

Во женска конкуренција, кај сениорките, триумфираше Моде Матис од Швајцарија, пред Анаис Сабрие од Франција и Ема Гулд од Велика Британија. Најдобра Македонка беше Андријана Поп-Арсова на 47. место.

Во конкуренција кај девојките до 20 години победи Анџела Матеви од Италија, додека Хајрие Азири на 39. место беше најдобра македонска претставничка.

 

Се вчитува...