Италијанците го избраа наследникот на Поцеко

Италијанската Кошаркарска Федерација експресно го реши селекторското прашање по оставката што Џамарко Поџеко си ја поднесе по завршувањето на настапот на „аѕурите“ на Евробаскет 2025. За нов селектор денеска и официјално беше именуван Лука Банки, кој потпиша тригодишен договор како предводник на италијанскиот национален тим, со важност на мандатот до ОИ 2028 годиа.

Банки исто така беше дел од Евробаскет 2025, но како предводник на Летонија, селекција што со голем успех ја водеше и на СП 2023. Италијанецот стави крај на оваа авантура веднаш по елиминацијата од Литванија, по што го прифати големиот предизвик да ја води својата национална селекција во наредниот период.

Лука Банки минатата сезона водеше две екипи во Евролигата, почна со Виртус Болоња, а потоа се пресели и на клупата на Анадолу Ефес, но иако со извонредна серија во финишот од сезоната го одведе овој тим до плејофот, сепак турскиот клуб реши да не му понуди нов договор и на негово место го доведе Игор Кокошков.

Банки ќе дебитира на кормилото на „аѕурите“ на 27 ноември, кога оваа селекција ќе ги почне квалификациите за СП 2027 против репрезентацијата на Исланд.

Се вчитува...