Италијанската фудбалска репрезентација го остави бројот „13“ слободен – бројот кој го носеше Давиде Астори, откако ги одреди броевите на дресовите за претстојните пријателски натпревари.
Капитенот на Фиорентина кој почина од срцев удар ја носеше „13-ката“ во неговите 14 настапи за „аѕурите“, па федерацијата најверојатно ќе го направи истиот потег како Фиорентина и Калјари – да го повлечат неговиот број.
Останатите репрезентативци си ги задржаа броевите кои и претходно беа „нивни“, додека дебитантите како Кутроне и Кјеза од сега ќе ги носат броевите 22 и 25.
Италија утре го игра првиот пријателски натпревар против селекцијата на Аргентина, додека на 27. март има закажан меч против Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА