Италијанците очекувано веднаш со фокусот на тревникот: „Е, овде ќе играме…“ (ВИДЕО)

Сосема очекувано италијанските медиуми вчера по пристигнувањето во Скопје за квалификацискиот натпревар меѓу Италија и Македонија веднаш со фокусот на тревникот на арената „Тодор Проески“.

Не беше никаква тајна дека теренот на најголемиот македонски стадион е во очајна состојба, поради што повеќе од еден месец, по оној дуел меѓу Шкупи и Левски во европските клупски натпреварувања, беше затворен за употреба.

Јасно е дека состојбата со теренот сега е далеку подобро од онаа во јули, но за Италијанците и тоа како повторно е зачудувачка ако се знае дека ги очекува дуел од највисоко можно ниво, во квалификациски циклус за пласман на ЕП 2024.

„Еве овде ќе играме“ – е поентата од коментарот на италијанските медиуми низ видео-материјалот со состојбата на теренот на арената „Тодор Проески“.

Се вчитува...