Италијанците пред пресметката со БиХ: „Един Џеко е врвен напаѓач, но не разочара…“

Младиот играч од средниот ред на италијанската репрезентација и Јувентус, Николо Фаџоли, зборуваше за предизвиот што ги очекува во финалето од баражот за СП 2026 против селекцијата на БиХ, посебно осврнувајќи се на капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко.

Фаџоли не криеше голема почит кон искусниот напаѓач, кого го опиша како исклучително тежок за чување, а се познаваат од периодот кога Џеко го носеше дресот на Фиорентина, пред да се пресели во Шалке.

„Тешко е да се запре Џеко“, рече Фаџоли, нагласувајќи го квалитетот и искуството на напаѓачот на БиХ.

Италијанскиот играч од средниот ред додаде дека Џеко, дури и во доцните играчки години, сè уште претставува сериозна закана за секоја одбрана.

„Му посакувам се најдобро, можеби не против Италија“, вели Фаџоли низ насмевка.

Фаџоли, исто така, истакна дека е разочаран што Един не ги покажа своите најдобри играчки квалитети во Фиорентина и истакна дека се сложувал многу добро со напаѓачот на Босна и Херцеговина.

„Сите знаеме каков играч беше и е, против Велс го инспирираше својот национален тим“, додаде Фаџоли.

Исто така, Фаџоли рече дека БиХ е многу тежок противник, но и дека нема повеќе лесни натпревари на меѓународно ниво.

„Сите национални селекции се многу добро организирани: ја видовме и Северна Ирска и иако немаат голем индивидуален талент, тие се многу добро организирани. Босна има квалитетни играчи“, рече Фаџоли кој има седум настапи за Италија, но не играл од 2024 година и во моментов не е меѓу играчите на кои се потпира Џенаро Гатузо.

Се вчитува...