Италијанските и шпанските фанови се во неверување, бидејќи за финалето на ЛШ во Кардиф треба да издвојат мало богатство за да го гледаат својот тим како се бори за најелитниот пехар во Европа. Финалистите добија по 18.000 билети, а продажбата на црно за преостанататите слободни места веќе започна, најниската цена изнесува 1.800 евра, а се очекува цената да достигне и до 5.000 евра. Така било во минатото кога во финалето играл шпански или германски тим.
Оние кои сакаат спектаклот да го проследат на стадион, најголем проблем е сместувањето. Жителите на Кардиф во пресрет на финалниот меч помеѓу Јувентус и Реал Мадрид значително ги зголемија цените за сместување, а место во хотелите и приватните сместувања има се’ помалку. Приватното сместување во Кардиф за една ноќ чини околу 400 евра, додека хотелите ги зголемија цените и за девет пати, што значи една ноќ со доручек чини околу 7.000 евра.
Сите љубители кои планираат финалето на ЛШ да го проследат на стадион, а немаат резервирано сместување во Кардиф, како алтернативни решенија ги имаат соседните градови, односно во Бристол и Свонси. Превозот е ограничен, може да се стигне само со авион, а редовната линија Торино – Кардиф чини од 900 до 1.200 евра, додека до Бристол чини 700 евра, па се смета како малку поевтина алтернатива.
Италијанските фанови кои треба да купуваат билет на црно и сместување за една ноќ во околните градови, треба да обезбедат најмалку 4.000 евра. За нив тоа е многу, пишуваат медиумите во Италија, па нема сомнеж дека ќе преовладува белата боја на стадионот „Милениум“.
Замерки за организацијата пристигнува од секаде, а најголеми критики има за хотелите кои цените ги покачија девет пати. Но, за нив ова е убава шанса за заработка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА