Легендарниот италијански дефанзивец Џузепе Бергоми истакнува дека според се што е видено на Мундијалот во Катар, Италија да учествувала сигурни ќе била меѓу осумте најдобри.
Но, „аѕурите“, кои се актуелни шампиони на Европа, не успеаја да се квалификуваат за Светското првенство, бидејќи беа елиминирани во плеј-офот од Македонија. Тие немаше да бидат во плеј-офот ако Жоржињо на два меча против Швајцарија, која на крајот ја освои групата, реализираше барем еден пенал.
„Тажно е што момците кои го освоија ЕВРО не успеаја да поминат релативно лесна група. Не верувам дека имало ароганција, го знам Манчини. Но, во модерниот фудбал ова е игра на толку суптилни разлики. Ако топката од пенал завршеше во голот, ќе бевме таму. Не можете ништо да земете здраво за готово. Жоржињо е одличен изведувач на пенали, но промаши два. Да сме таму, сигурен сум дека Италија ќе беше во четвртфиналето. Без разлика што некои големи нации како Германија или Шпанија беа елиминирани“, изјави Бергоми.
Ова е второ пропуштено Светско првенство за Италија во низа, а „аѕурите“ во претходните два беа елиминирани во групната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА