Со години наназад италијанскиот фудбал беше во криза, што се одразуваше врз настапите на екипите во европските купови, па дојде и до губење на едно место кое води во ЛШ.
Сепак, тие денови се минато откако Рома денеска го елиминираше Шахтјор, па Италијанците за првпат по пауза од 11 години ќе имаат две екипи меѓу најдобрите осум во Европа. За „волчицата“ ова е трет пласман во полуфиналето, по 2007 и 2008 година, благодарение на Един Џеко кој во вистински момент го постигна својот прв гол во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
За потсетување, покрај Рома пласманот во четврт-финалето минатата седмица го осигура и Јувентус, по голема битка елиминирајќи го англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА