Италијанците шокирани: Раниери им кажа НЕ на „аѕурите“, сега фаворит е Гатузо

Клаудио Раниери ги шокираше челниците на Италијанската Фудбалска Федерација откако 73-годишниот стратег ја одби понудата да стане нов селектор на „аѕурите“.

Лучијано Спалети и официјално си замина по синоќешниот триумф, а Спалети беше апсолутен фаворит за негов наследник. Сепак, состанокот со претседателот Гравина не го дал посакуваниот резултат откако Раниери на самиот почеток ја одбил понудата.

„Не се чувствувам подготвено за тоа“, му соопштил Раниери на Гравина, по што разговорите биле експресно прекинати.

Последните информации од Апенинскиот полуостров велат дека сега главен фаворит за селектор е Џенаро Гатузо. Поранешниот стратег на Наполи и на Милан не се прослави на клупата на сплитски Хајдук, тој неодамна и официјално си замина од „Пољуд“, a сега е на самиот врв на листата со желби на челниците на федерацијата.

Покрај Гатузо, на овој список се наоѓаат и Стефано Пиоли и Фабио Канаваро.

Се вчитува...