Фудбалерот кој има македонско потекло, Василије Костов игра одлично во својата прва сениорска сезона и се повеќе се шпекулира дека ќе го урне рекордот кога станува збор за трансфери од Црвена Звезда.
Тој ја потврди својата форма во „вечното“ дерби со гол и асистенција, и повторно го привлече вниманието на европската јавност. Како што пишува Калчомеркато, Интер внимателно го следи Костов. Тие високо ги ценат неговите квалитети и го споредуваат со Николо Барела.
Исто така, „нероаѕурите“ се потпираат на одличните односи со Дејан Станковиќ и Марко Арнаутовиќ, кои би можеле да го насочат младиот играч од средниот ред да избере трансфер на „Џузепе Меаца“.
Интер не е единствениот што го следи Костов, па затоа се соочува со сериозна конкуренција за неговиот потпис. Се шпекулира дека во своите редови го сакаат и Милан и Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

