Фудбалската репрезентација на Италија второ Светско првенство по ред не успеа да обезбеди пласман, откако во полуфиналето од баражот за мундијалот во Катар загуби на домашен терен од Македонија со 0-1.
И покрај тоа што Италија преку квалификациите не успеа да се најде во Катар, од оваа земја веруваат дека би можеле да влезат на шампионатот како замена. Имено на последниот меч на Иран во квалификациите против Либан не им беше дозволено на жените да влезат на стадионот.
Оваа одлука не им се допадна на раководните лица на ФИФА, па сега се шпекулира дека поради тоа оваа земја би можела да остане без мундијалот, а на нејзино место да влезе Италија како најдоброрангирана земја на ФИФА ранг листата и актуелен европски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА