Итен состанок на Комисијата за натпреварување при ФФМ, следи одлука за прекинатиот меч Шкупи – Шкендија

Во моментов во Фудбалската федерација на Македонија се одржува итен состанок на Комисијата за натпреварување на кој треба да се донесе конечна одлука, од натпреварувачки аспект, за прекинатиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија.

По денешната одлука на Натпреварувачата комисија, се очекува Шкупи дополнително да биде предаден и на Дисциплинската комисија при ФФМ, по што ќе биде позната и казната за чаирчани како организатори на натпреварот.

Натпреварот беше прекинат уште во 10. минута од средбата, поради хаосот кој го приредија навивачите на Шкупи веднаш откако гостите поведоа со голот на Дашмир Елези.

Нешто потоа, откако судиската тројка се повлече во соблекувалните, припадници на специјалните единици на полицијата ги извлекуваа и фудбалерите на Шкендија кон соблекувалните каде повторно беа нападнати со пиротехнички средства од навивачите на домашните. Потоа и фудбалерите на Шкупи, по десеттина минути, се повлекоа во соблекувалната за дефинитивен крај на дуелот кој сега ќе има епилог на „зелена маса“.

Се вчитува...