Итен состанок во Тотенхем, Леви ќе го убедува Конте да остане

По вчерашниот пораз од Барнли, во Тотенхем денеска е „бурно“. По мечот тренерот Антонио Конте изјави дека се чувствува одговорен и дека ќе си замине ако тој е проблемот. Конте меѓу другото истакна „не сакам само да мижам и да земам пари, сакам да победувам“.

Тој изјави дека екипата не победува,и  тоа не му се допаѓа, и дека е подготвен да замине за доброто на клубот.

Меѓутоа експресна реакција имаше од првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви кој според англиските медиуми закажал итен состанок на кој ќе се обиде да го спречи овој расплет и да го убеди Италијанецот да остане дел од лондонскиот тим.

Се вчитува...