Шпанецот Рафаел Надал и Австралијката Ешли Барти се најдобри во изборот на Светската тениска федерација (ИТФ) за 2019 година.
За првиот рекет на светот ова е четврто признание во годината во која го освои рекордниот 12 трофеј на Ролан Гарос, а триумфираше и на УС опен, а со Шпанија повторно го освои Дејвис купот.
Барти која во 2014 го остави крикетот како би играла тенис, стана првата Австралијка по Маргарет Корт (1973) година која триумфирала на Ролан Гарос. 23-годишната Барти исто така е првата Австралијка по пауза од 43 години (Ивон Гулагонг Коули) која успеала да стигне до првата позиција на ВТА листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА