Итна реакција на Ал Итихад по незадоволството на Бензема

Карим Бензема летово изненадувачки од Реал Мадрид се пресели во Саудиска Арабија, во дресот на Ал Итихад. Французинот добро тргна во новиот клуб. Како капитен постигна гол и имаше асистенција во победата од 4-0. Интересно, тој не го изведе пеналот досуден за својот тим.

Пред овој натпревар наводно имало караница меѓу Бензема и тренерот Нуно Еспирито Санто, а освен тоа пропуштил и тренинг за да го искаже своето незадоволство. Меѓутоа набрзо страстите се смириле, а за Ал Итихад да не остане без него, му ја доделил веднаш и капитенската лента.

Управата венаш донела одлука дека тој ќе биде капитен, иако тоа не било во планот на тренерот. Бензема наводно побарал и да се смени тренерот, а не е исклучено и таа желба да му биде исполнета.

Се чини дека во овој клуб не може да му одолеат на ѕвездата, и ќе му дадат се што ќе посака.

Се вчитува...