Итно хоспитализиран Владимир Цветковиќ, човекот кој беше дел од Ц. Звезда кога ја освои европската круна

Поранешниот генерален директор на Црвена Звезда, Владимир Цветковиќ, е итно хоспитализиран во Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Белград, објавија црвено-белите.

Како што е наведено во соопштението за медиумите, Цветковиќ е примен во Институтот од професорот Милован Бојиќ, кој е и претседател на Собранието на ФК Црвена Звезда, каде што ќе ги помине потребните прегледи и ќе добие упатства за понатамошниот тек на лекувањето.

Цветковиќ беше придружуван од генералниот директор на Звезда, Звездан Терзиќ, кој му даде целосна поддршка, се вели во соопштението, додавајќи дека „ѕвездените играчи секогаш се грижат за своите ѕвезди“.

Цветковиќ беше дел од раководството на ФК Црвена Звезда кога клубот ја освои европската и светската шампионска клупска титула.

Се вчитува...