Итудис би променил една голема евролигашка традиција

Двократниот евролигашки шампион, грчкиот стратег Димитрис Итудис верува дека треба да се промени форматот на завршницата на Евролигата за доброто на кошарката.

Сегашниот формат со „Фајнл-фор“ завршница не е фер според Итудис. Тој верува дека „кошарката е рамно на плејоф“.

„Кошарката е плеј-оф. Имавме две полуфиналиња во Еврокупот кои завршија во трет натпревар, и сите натпревари беа превозбудливи. Верувам дека Евролигата треба да го земе тоа во предвид. Јас сум за плеј-оф систем и покрај тоа што бев дел од 14 „фајнл-фор“ турнири и имам огромна почит за организацијата. Кошарката е рамно на плејоф“, вели Итудис.

Оваа година грчкиот стратег е на кормилото на Хапоел Тел Авив со кој се пласираше во големото финале во Еврокупот.

Се вчитува...