Ненад Димитријевиќ е максимално интересно име на кошаркарскиот пазар во текот на овој летен преоден рок, по извонредната сезона што македонскиот репрезентативец ја имаше во дресот на Уникс Казањ. Македонецот стана шампион, воедно беше избран и за МВП на плејофот во ВТБ-лигата, со што неговата вредност на пазарот значително се зголеми.
Во прилог на Димитријевиќ оди и фактот дека неговиот агент успеа да издејствува раскин на договорот со Валенсија, што ќе му овозможи на нашиот ас да осигура мегатрансфер во текот на летово. Според последните информации, Фенербахче е еден од најзаинтересираните клубови за Димитријевиќ откако тренерот Итудис побарал да го види Македонецот во својот тим. Како што јавува турскиот весник „Милијет“, Фенер веќе испратил и официјална понуда, но се уште е неизвесно дали истата ќе биде прифатена.
Во секој случај, годи интересот на еден од најдобрите европски тренери, кои сака да го види Димитријевиќ во својата екипа наредната сезона. Итудис сезонава на плејмејкерската позиција ги има Калатес и Американецот Едвардс, но тренерот на Фенер верува дека со доскорешниот ас на Уник Казањ може уште повеќе да добие на квалитет во наредната сезона.
Димитријевиќ веќе си изгради одличен имиџ во Русија, па богати понуди подготвија и Уникс и Зенит, а како можна дестинација од Евролигата беше споменуван и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА