Тренерот на ЦСКА Москва Димитрис Итудис го победи коронавирусот, потврдија од рускиот тим. Итудис по негативниот тест е пуштен од болница во Атина во која се лечеше од Ковид-19.
„Потполно сум здрав и подготвен да се вратам на нормалниот живот. Знам дека многу навивачи ми дадоа поддршка и на тоа сум многу благодарен. Исто така благодарен сум и на докторите и медицинскиот персонал во болницата во Атина кои се грижеа за мене. Иако цело време бев во контакт со колегите од клубот и кошаркарите, многу ми недостига тимот и едвај чекам дозвола да се вратам на работа“, изјави Итудис.
За потсетување Итудис на 7. август потврди дека е позитивен на Ковид-19 и оттогаш се наоѓаше во болницата во Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА