Рускиот кошаркарски гигант, ЦСКА Москва го продолжи договорот со тренерот Димитрис Итудис. Грчкиот стратег се обврза со „армејците“ до летото 2023 година. Итудис на клупата на ЦСКА Москва е од 2014 година, што е тренер со најголем стаж во модерната историја на клубот.
Итудис откако е на кормилото на ЦСКА по пет пати ги освојуваше рускиот шампионат и регионалната ВТБ лига, два пати беше шампион на Евролигата и два пати беше избиран за најдобар тренер во Европа.
⚡ CSKA and Dimitris Itoudis: two more years together
Head coach @ItoudisD signed new contract with our club, valid until summer of 2023.
The Greek specialist has been leading the Army Team since the summer of 2014, which is the longest period in the club’s modern history. pic.twitter.com/vfe5QnBrit
— CSKA Moscow (@cskabasket) May 17, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА